Последно нарачаните, први ќе стигнат – руските вакцини утре во 14 часот во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Руските вакцини Спутник В, утре доаѓаат во Македонија. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче на денешното обраќање на медиумите.

Руските вакцини беа последно нарачани од нашата земја, а ќе пристигнат први, во очеквуање на вакцините на Фајзер, кои премиерот Заев ги најави за крајот на месецов.

„Од руската компанија ги добивме сите административни дозволи, и дозволите да се стави во употреба. Многу веројатно во среда ќе започне вакцинацијата, а пратката утре треба да пристигне на скопскиот аеродром околу 14 часот.“, рече Филипче.

Станува збор за 200 илјади вакцини кои беа нарачани од Русија.