Функционери, амбасадори и разни претставници се собраа во Прилеп за да го постават камен темелникот на коридорот 10Д.
Таблата за започнување на работите ја откри првиот вицепремиер Артан Груби.
Машините, според функционерите, од денеска ќе работат без престан се до завршувањето на работите.
Премиерот Димитар Ковачевски, рече дека министрите во минатото 90% биле од Прилеп и Битола, алудирајќи на министрите на ВМРО-ДПМНЕ, но според него не го направија автопатот кој, како што рече, го гради неговата Влада.
А првиот вицепремиер, Артан Грубу, од говорницата го поздрави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со овие зборови…
За министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со коридорите 8 и 10Д, се доближуваме до Европа и европскиот пат,
Директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми, рече дека изградбата на овие коридори значи отворање на нови работни места и економски раст за 2%.
Коридорот 10Д е долг 39,5 километри.
Коридорите 8 и 10Д, вкупно се долги 110 километри, а ќе чини 1,3 милијарда евра.
Предвидено е изградба во 4 делови, а рокот за завршување е крајот на 2027 година.
