Ова не се снимки од акционен филм, туку овој настан се случи во Скопје и тоа во трговски центар. Станува збор за пресметка на две мафијашки групи и се вели дека повторно бил пукано во правец на Раде Трајковски – Штекли.Ваков настан се случи и на крајот на август, кога непознати лица од возило пукаа во друго лице, токму на паркингот на овој трговски центар.
„Во овие простории се слушнаа пукотници од оружје околу 15 часот во ТЦ Ист Гејт, каде беа ранети две лица“, вели репортерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.
Снимено е движењето на две лица, кои се спуштаат по ескалаторот надолу кон гаражите, а непознато лице облечено во бел блузон, се доближува и од горе пука во нив. Полицијата се уште води истрага и велат дека наскоро ќе излезат со детали за случајот.
„Денеска (24 октомври) од ТЦ Ист Гејт во Скопје е пријавено дека е пукано со огнено оружје во правец на 2 лица кои се ранети и се испратени во болница. На местото на настанот се полициските екипи и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Директорот на градската болница „Свети Наум Охридски“, Лубен Арсенков во телефонска изјава за ТВ21 рече дека еден од повредените е во тешка здравствена состојба и дека е во операција, додека другиот е примен на торакална клиника.
Од Ист Гејт Мол велат дека инцидентот се случил во подземните простории на објектот и дека продолжуваат нормално да работат . Министерството за внатрешни работи го има ликот на напаѓачот од Ист Гејт кој денеска ги рани Раде Трајковски Штекли и негов пријател, но уште трага по неговиот идентитет. Од таму испратија известување, во кое бараат секој кој има сознание за лицето или го забележи, веднаш да пријави во МВР.
