Потона руски брод во Средоземното море, две лица се водат за исчезнати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руски товарен брод потона во Средоземното Море меѓу бреговите на Шпанија и Алжир по експлозија во машинскиот простор, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Се вели дека 14 од 16-те членови на екипажот биле спасени, но двајца се уште се водат како исчезнати.

Спасените 14 членови на екипажот се префрлени во Шпанија.

Според сајтот за следење на бродовите LSEG, бродот го напуштил Санкт Петербург на 11 декември и последен пат бил виден во 23:04 часот во понеделникот меѓу Алжир и Шпанија. При заминувањето од Санкт Петербург, беше објавено дека тој се упатил кон Владивосток на далечниот исток на Русија.

Инаку, претходно имаше индиции дека неговата дестинација е всушност сириското пристаниште Тартус, каде што има руска воена база, пренесува  Ел Паис .