Потпишан еден од најголемите договори во земјата меѓу приватниот сектор и банките. Станува збор за зделка склучена меѓу раководството на Трговскиот центар „Скопје East Gate“ и неколку банки, преку која банките ќе позајмат 75 милиони евра, со што се заокружува финансирањето за првата фаза од изградба на трговскиот центар.
Договорот е потпишан во период кога целиот свет се соочува со вирусот Ковид-19, додека најголемата помош од 53% ја понуди НЛБ Банка.
Сопствениот на „East Gate“ рече дека со потпишаниот договор се покрива целата финансиска конструкција за изградба на ТЦ, додавајќи дека комплексот ќе биде отворен наесен следната година. Директорот Давков, исто така извести дека 40% од површината на Трговскиот центар ќе биде со најпознатите светски брендови кои досега не биле присутни во нашата земја.
Настанот се одржа под услов против Ковид-19, па поради тоа и церемонијата на потпишувањето на договорот заврши само со аплауз, а не со ракување како што се случува вообичаено.
„Скопје East Gate“ е проект на „Балфин Групацијата“ , чиј сопственик е познатиот бизнисмен Самир Мане и Арсим Папранику. Проектот почна да се реализира уште во јуни 2018 година.
