Потписи од починати на проекти за култура! – Министерката за култура вели дека повеќето апликации се со пропусти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во име на починати лица е аплицирано на проекти од културата, откри министерката за култура Бисера Костадинова. На над 3700 пријавени проекти по електрон  ски пат, 2/3 имале технички пропусти.

Комисиите кои ги разгледувале проектите најавуваат санкции и отчет за лажните изјави, вели Костадинова.

Министерката вели дека приоритет во изборот ќе имаат проектите на млади лица, на лица со посебни потреби, лица кои претходно не се пријавувале како и тие кои опфаќаат мултикултурализам и родови прашања. Буџетот за проектите од национален инт ерес изнесува 1 милијарда и 53 милиони денари, односно 66 милион и повеќе од минатата година.