Потрес во Белата Куќа: Советник на Трамп ја напушти функцијата поради скандалот со протекување на безбедносни информации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Валц, ја напушта својата функција, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор.

Валц беше дел од американскиот тим што преговараше за мировен договор меѓу Украина и Русија и беше на преговорите каде што во март во Саудиска Арабија беше ставен на маса предлог за 30-дневен прекин на огнот.

Иако околностите на неговото заминување се нејасни во овој момент, Валц рече дека ја прифаќа „целосната одговорност“ за „аферата Сигналгејт“.

Скандалот избувна откако уредникот на „Атлантик“, Џефри Голдберг, беше додаден во разговор на платформата за пораки „Сигнал“, заедно со високи функционери на администрацијата на Трамп, каде што министерот за одбрана Пит Хегсет сподели детали за американските напади врз шиитската проиранска бунтовничка група Хути во Јемен.