Потресни сцени во Италија: Фудбалер на Фиорентина колабираше сред натпревар, мечот веднаш прекинат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер во рамките од италијанското првенство беше прекинат во 17. минута, откако играчот од средниот ред на Фиорентина, Едуардо Бове, ненадејно падна на теренот и колабираше. Играчите на двата тима во паника ја повикаа итната медицинска помош да реагира.

Лекарската служба неколку минути му пружаше помош, а потоа беше пренесен во болница.

Додека му се укажуваше помош, многу од играчите беа во солзи. Судијата Даниеле Довери, кој истотака беше во шок, ги испрати екипите во соблекувалната. Најверојатно нема да продолжи вечерва.

Информациите од Италија велат дека Бове е свесен, диши самостојно, и дека ќе биде подложен на понатамошни тестови.

ВНИМАНИЕ! ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО!