Потрошени над 120 милиони евра на он-лајн купување, 202 нови електронски продавници за само 6 месеци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните потрошиле 123 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 73% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции. Има 202 нови е-продавници во првите шест месеци од годинатаспоред податоците од Народна банка.

„Со дел од граѓаните со кои поразговаравме велат дека се одлучуваат за он лајн купување, поради тоа што сакаат да ги избегнат турканиците, чекањето во редови, гужвите особено во време на пандемија. Ние ќе нарачаме торта он лајн, бидејќи имам посебен повод за тоа.“, вели репортерката на ТВ21.

Во првото полугодие од 2021 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство, изнесува 168,7 милиони евра што претставува пораст од 61% во однос на истиот период минатата година.

„Во првото полугодие од оваа година забележуваме раст од 77% во вредноста на трансакциите со домашни картички кон домашните е-трговци, споредено до 2020 година – овој раст е охрабрувачки ако се има предвид дека во споредбената основа од минатата година имаме три ковид месеци, односно вториот квартал од 2020 кога беа на сила и строги рестриктивни мерки. Сепак како што речиси секогаш посочуваме, треба да се има предвид дека во овие статистки се земени сите реализирани трансакции онлајн, вклучително и оние за плаќање сметки.“, рече Ангеловска.

-Што нарачуваш моментално? За кола, акцесоари најчесто. Полесно ми е да најдам отколку да одам во продавница и да чекам во гужви.

-Да, преку Алиекспрес.

Да, се.

-Не многу често ама купувам. Нешто за здравје, појаси нешто така. Нешто за домаќинство што ќе ми се допадне.
-Дали го зголемивте он лајн купувањето да ги избегнете турканиците?
-Да баш за тоа.

Странците кон домашните е-трговци во првото полугодие од 2021 година направиле 7,6 милиони евра односно 75% од истиот период минатата година. Македонците во странство направиле трансакции вредни 38 милиони евра во првите шест месеци од годинава. Во Македонија заклучно со 30.06.2021 година активни се 1.661 витруелни или интернет продажни места.