Потрошил 3700 евра на вечера, па се пожалил што ресторанот му земал 10% за услугата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанец се изнервирал кога после вечерата со пријателите, на која потрошиле неколку илјади евра, ресторанот пресметал и задолжителен износ за услуга од 10%.

И ова не е приказан за оние кои оставаат бакшиш, туку спротивното. Енрике Морис не можел да верува на очите кога ресторанот си вкалкулирал задолжителен бакшиш.

Фотографијата ја споделил на социјалните мрежи, а тоа покажува дека неговата група потрошила 3725 евра на луксузна вечера во Марбеља. Ресторанот пресметал уште 372 евра на услуга.

„Марбеља е новата Ибица. Лажливци насекаде“, напишал Енрике на „Твитер“.

„Си потрошил 10 пензии на хамбургери, и сега што сакаш? Солидарност“, стои во еден од коментарите.