Потрошувачката кошничка зголемена за 1.000 денари – СДСМ: Растат платите, преземаме мерки за пониски трошоци на домаќинствата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

36.786 денари е потрошувачката кошничка во март, за 1000 денари поскапела од почетокот на годинава. Ова го потврдуваат и цените на основните прехранбени продукти на пазарите и маркетите. За храна и пијалоци во март биле потребни минимум 15.780 денари, а за режиски трошоци 11.597 денари. Останатите пари од синдикалната минимална кошничка се за превоз, облека и за здравствени услуги.

  • јајца 12, 15 ден – 270 денари (табла)
  • краставици 70
  • домати 170
  • компир 90
  • кромид 15

-Колку ви се јајцата?

„12 денари. Имате и со две жолчки 15 денари“.

„Тоа што го купувам постојано е покачено“.

„Цената и на масло и на јајца има покачување, па дури негде го нема. Доматот да, поскап е баш сега прашував. Пред Велигден јајцата задолжително ги покачуваат“.

-По која цена ги купивте јајцата?

„270 денари табла. Пред 10-15 дена беа 240. Како до сега така и од сега, нешто ќе скратиме, па валјда ќе ни ги покачат пензиите“.

Според статистичките податоци, во март инфлацијата изнесува 8,8 проценти во однос на март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари, има зголемување за 1,6 проценти кај трошоците на живот и за 1,5 проценти кај цените на мало.

„Денес, две минимални плати се доволни да се покрие синдикалната потрошувачка кошнчка која за март изнесува 36.768 денари. Пред неколку години за да се покрие минималната кошничка беа потребни над четири минимални плати“, вели Фаница Николовска.

Војната во Украина ги потресе пазарите на жито и растително масло, предизвикувајќи светските цени на храната да скокнат на ново рекордно високо ниво во март, соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство. Украина и Русија се главни извозници на основните прехранбени производи, а војната го погоди растителното производство, зголемувајќи ги цените. Околу 30 отсто од светската пченица доаѓа од Украина и Русија, а конфликтот се одрази на извозот.