Поцков: Гевгелиските училишта се подготвени и за физичка и за он-лајн настава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, изјави дека гевгелиските основни и средното општинско училиште се подготвени за примена и за настава со физичко присуство на учениците во училиштата, како и за „он лајн“ настава. Тој го  презентираше резултатот од спроведената анкета меѓу родителите на учениците од општина Гевгелија, од кој произлегува дека 70 проценти од нив се изјасниле за настава со физичко присуство на нивните деца во училиштата.На  работната  средба на градоначалникот со раководителите на образовните институции во Гевгелија станало збор за тоа какви  активности за подобрување на условите за учениците во основните училишта се превземени во текот на летниот период како и за начинот на изведба на наставата, според пропишаните протоколи од Владата во училиштата во пресрет на почетокот   на новата училишна 2020/2021.Градоначалникот потенцираше дека, доколку се случи Владата да им остави на општините тие самите да одлучат, во зависност од просторните капацитети и епидемиолошката ситуација, каква настава ќе спроведат, општина Гевгелија ќе може да организира настава со физичко присуство на учениците во училиштата не само за учениците од 1 до 3 одеделние, туку и за сите други одделенија. Се разбира, при тоа, почитувајки ја вољата на родителите, дали ќе го пуштата своето дете на училиште или пак тоа ќе ја следи наставата „он лајн“