Повеќе од 800 шумски пожари беснеат низ Канада: Воздухот е загаден и во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Низ Канада беснеат повеќе од 800 шумски пожари, а предупредувањата за лош квалитет на воздухот се шират кон југ, опфаќајќи и повеќе сојузни држави во Соединетите Американски Држави, пренесува денеска Би-Би-Си.

Според американскиот Индекс за квалитет на воздухот, во големи делови од северните сојузни држави на САД, Мичиген и Минесота, квалитетот на воздухот е оценет како „опасен“, поради што на населението му се препорачува да остане во затворени простории.

Предупредувањата се однесуваат на регионот на Горниот Среден Запад, областа на Големите Езера и североисточниот дел на земјата, соопшти Националната метеоролошка служба на САД (NOAA).