Потврдена е првостепената пресуда за воениот злосторник Ратко Младиќ, и осуден е на доживотна казна затвор, потврдија претставниците на жртвите кои го следеа денешното судење во Хаг.
Судиите ја потврдија доживотната казна, односно ги одбија сите жалби од страна на одбраната на Младиќ. На овој начин се потврди првостепената пресуда изречена во ноември 2017 година.
Младиќ е осуден за геноцид во Сребреница, прогон, истребување, убиства, депортација, присилно преместување, тероризирање на граѓаните на Сараево, напад на цивили…
Младиќ е обвинет за виновен по 10 од 11 точки од обвиниението.
