Тетово и понатаму има проблем со водата за пиење. Иако се наоѓа во близина на Шар планина и со два аквадукти кои чинат милиони евра, овој град нема доволно вода.
Граѓаните кои живеат во населбата Дреновец, Попток, но и 146 се соочуваат со голем недостиг на вода. Велат во текот на денот имаат само половина час вода, а таа не се пие.
„Едвај, го земаме повеќе неиспрани отколку испрани. Дури и водата што доаѓа половина час мириса на гума, со недели нема и кога ќе дојде, половина час. Купуваме повеќе вода, купуваме за јадење и пиење а за перење нема“.
„Не само сега за Рамазан, пет-шест години немаме вода, нема вода“, велат граѓаните.
Од јавното комунално претпријатие „Тетово“ соопштија дека веќе два дена почнале со рестрикции поради дождот.
„Како резултат на дождот, водата што доаѓа од изворот на Лешница е загадена и затоа е прекината. Количеството на вода од други извори и бунари достигнува и до 260 л/с, количина која не е доволна за нормално и еднакво снабдување на сите граѓани, па затоа компанијата одлучи од 23:00 до 03:00 часот да има рестрикција на вода. ”, велат од ЈП Тетово.
Бројните дефекти во водоводот на Лешница го оставија Тетово и до 10 дена без вода, додека сега честа појава е недостигот вода во повисоките делови на градот.
