Повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници во САД во текот на 2026 година, осум лица починале

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на случаи на мали сипаници во Соединетите Американски Држави (САД) годинава надминал 5.000, а заболени лица се регистрирани во 45 сојузни држави, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Досега се потврдени вкупно осум смртни случаи поврзани со малите сипаници. Од нив, шест се регистрирани во Пенсилванија, еден во Њујорк и еден во Висконсин, пренесува „Еј-Би-Си њуз“.

Во Пенсилванија починал невакциниран жител на округот Џеферсон, додека во Висконсин животот го загубило бебе. Ова е прв смртен случај од мали сипаници во таа сојузна држава од 1990 година.