Повеќе од 60 илјади од дијаспората се самопопишале, Османи: Со пописот ќе се обидеме да ја вратиме дијаспората

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 60 000 граѓани кои живеат во дијаспората се самопопишале до денеска. На прво место е Швајцарија, а далеку помал е бројот во Канада и Австралија за што МНР презема и дополнителни активности за поголем одѕив како што информира Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Број на самопопишани во дијаспората
Швајцарија 16. 000 или 1/4 од очекуваниот број
Германија 10 000
Италија 6 000

Еве, со кои проблеми најмногу се соочуваат граѓаните од дијаспората при попишувањето:

-Кога граѓаните го пишуваат својот матичен број, следното прашање е име на држава. Тие го пишуваат името на државата каде престојуваат во моментот. Е тогаш не се вклопува државата со матичниот број кој еод СРМ. Затоа многу е важно во полето зџа држава да се пишува РСМ. Само тогаш системот ќе го препознае матичниот број како матичен број на СРМ.“, вели Османи.

Министерот смета дека не сите граѓани ја знаат информацијата за пописот, но и важноста на истиот за нив.

-Како Министерство кое го покрива портфолиото дијаспора, за првпат ќе имаме точни бројки за дистрибуцијата на нашите граѓани во светот, нивната структура. Врз основа на тие бројки ќе можеме да ги димензионираме нашите услуги, дипломатски претставништва, конзуларни претставништва за да мпожат да ги добијат услугите таму каде што живеат. Но, да напарвиме политики да го поттикнеме нивното враќање назад. Но, и да го спречиме нивното заминување“, вели Османи.

Телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021 при Министерството за надворешни работи:

075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

Броеви за контакт од Државен завод за статистика

071 48 33 13 (редовна линија, Viber, WhatsApp) – за македонски јазик

071 48 32 91 (редовна линија, Viber, WhatsApp) – за албански јазик

Неодамна работната посета на Италија, Османи ја искористил и да ги повика нашите здруженија таму за активна мобилизација, за што добил поддршка. За утре најави посета на Швајцарија со истата цел, покрај работната посета. До денеска се попишуваа дипломатите и нивните семејства. Попишувањето на дијаспората продолжува до 21 април.