Повеќе од 60 лица и понатаму се водат како исчезнати по катастрофалната експлозија во вторникот на пристаништето во центарот на Бејрут, соопшти денес официјалната здравствена служба.
Според нивните зборови, бројот на загинати е 154, од кои 25 лица се уште не се идентификувани.
Во експлозијата, според најновите податоци, повредени се над 5.000 лица, повеќе од 300.000 лица останале без домовите.
Спасувачи од Либан, Франција, Германи, Русија и другите земји ја продолжуваат потрага за преживеаните.
Експлозијата во бејрутското пристаниште било предизвикано од 2.750 тони амониум нитрат кој скоро 7 години бил чуван на пристаништето, откако го конфискувала царинската служба.
