Повеќе пари во буџетот на МОН – Дали ќе бидат доволни за санација на проблемите во училиштата?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе пари во Министерството за образование . Министерката Царовска  потврди дека  годинава Буџетот  е поголем за 1,1 милијарда денари . Дали  со 23 милијарди и 100 милиони денари,пари што му се на располагање на министерството ќе се решат  проблемите. Најголем дел од парите ќе бидат насочени директно кон граѓаните потенцира Царовска.

„Издвојуваме околу една милијарда денари за капитални инвестиции,два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Со овие средства ќе овозможиме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици,студенти и наставен кадар. Ќе реконструираме основни и средни училишта. Училиштата мора да станат достапни на сите“, посочи Мила Царовска. 

Ваква е замислата и желбата на првиот човек во министерството за образование. Но сликата на терен покажува нешто друго. Во неодамна снимената сторија на ТВ 21 за состојбата во  училиште во Лешница –Желино, и  родителите и кадарот реагираше дека објектот е многу стар и нема услови за одвивање на настава.

„Училиштето што го гледате е уникатно и единственото кое останало од комунистичкиот систем и овде пред многу години Инспекторатот направи записник дека поради азбест, кој е канцероген материјал, училиштето да се затвори. Ние како училиште, како директор, заедно со секретарот се обидовме да му го понудиме тоа што можеме на училиштето, ги бојадисувавме просториите во училиштето кои не беа бојадисувани со години и со оглед на тоа дека имаше пандемија преземавме нешто“, истакна Зеќир Мемети.

Проблемот  на училиштето во Желино  ја отсликува реалноста на поголем број училишта од руралните средини кои се во лоша состојба. За ваквата ситуација реагираа и од ресорното министерство.

„Министерството за образование и наука посветено работи на подобрување на условите во основните и средните училишта во државата. За таа цел во тек е јавен повик на МОН до општините за аплицирање за средства со проекти за реконструкција на објектите. Повикот е отворен до 15 декември и ги повикуваме локалните самоуправи да аплицираат со квалитетни проекти. Во интерес на инклузивното образование за првпат еден од основните критериуми на овој конкурс за капиталните инвестиции е пристапноста на објектите“.

Нема поместување на датумот за одржување на зимскиот распуст како што бараше опозицијата. Министерката Царовска вели дека е подготвена за дискусија но само доколку таа е поткрепена со аргументи.

„Образовниот процес и систем се натпартиски  секогаш сум спремна за дискусија со опозицијата  и сите кои имаат различен став доколку се базираат на одредени аргименти. Такви аргументи не добив од страна на опозицијата“, додава Мила Царовска.

Според Царовска, училишниот распуст ќе започне вообичаено на крајот на декември а новото полугодие учениците ќе го започнат  на 21 јануари идната година.