Булдожер, неколку камиони и кранови. Се гради повеќекатна зграда. Вака изгледа местото каде во февруари 2023 година беа откриени археолошки предмети, меѓу кои најпознатиот во јавноста, надгробната плоча со натпис „Дарданус“.
Тоа е се што можевме да видиме од надвор, бидејќи работниците кога нѐ забележаа, ја затворија вратата, блокирајќи ни го погледот на археолошкиот локалитет.
„На оваа место претходно имаше илирски гробишта, каде пред една година беше пронајдена плоча со натпис „Дарданус“ и е остранета од овде. А, сега како што гледате започнала изградбата на згради“, вели репортерката на ТВ21 од терен, Фазиле Халили.
Кога ни ја затворија вратата, единственото нешто што можевме да снимаме од страна беа купиштата од ископана земја.
Археолошките пронајдоци ги немаше.
И покрај тоа што имаше многу реакции во јавноста, долго се зборуваше на оваа тема, а имаше и критики за тоа да не се гради на овој простор, сепак градежните работи продолжуваат!
Очигледно никој не го интересираат археолошките наоди.
ТВ21 постојано ги следи случувањата околу оваа локација. Откако се смени владата, пред два месеци го прашавме новиот министер за култура за судбината на оваа локација.
Денеска повторно испративме прашањето до Министерството за култура, но одговор не добивме.
Прашања испративме и до општина Карпош под која спаѓа оваа парцела. Ги прашавме зошто е дозволено продолжување на градежни активности кога беше утврдено дека таму има предмети од археолошка вредност и дали овој факт е земен предвид кога градежната дозвола беше доделена, но одговор не добивме.
Останавме без никакво појаснување дури и за прашањата што ги испративме до Центарот за конзервација, односно дали е направен некаков напор за зачувување на локалитетот и каде се испратени пронајдените предмети?
Очекуваме одговори од сите три институции.
