Повлечен спортски автомобил од употреба поради преголема бучава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Џенерал Моторс“ во Австралија објави официјален повик до сопствениците на моделот Шевролет Корвета Ц8 да одат во сервис.

„Поради грешка во производствот, бучавата во возењето ја надминува границата дефинирана со законот во Австралија и нашите возила за жал не се во согласност со стандардите“, се вели во соопштението.

Како што наведуваат австралиските медиуми, со овој повик се опфатени 106 автомобили затоа што моторот создава бучава поголема од законските предвидени 86 децибели.