Утрово во 10:05 часот на автопатот Скопје – Тетово во близина на Желино, се судриле две товарни возила, при што повреден е возач на едно од возилата.
Несреќата се случила откако товарно моторно возило „Ивеко“ сопственост на „Македонија пат“, се судрило со товарно возило „Мерцедес“.
„На околу 500 метри после клучка Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Ивеко“ сопственост на „Македонија пат“ управувано од Ј.С. (54) од с. Рогле, тетовско, и товарно возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С. (51) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово“, велат од СВР Тетово.
