Повторно одложено отворањето на „Супер Марио“ паркот во Јапонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претреси кај две лица во Кавадарци, пронајдена дрога

На 03.03.2021 во 15.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес извршиле преглед над Д.Б.(21) од Кавадарци, при...

Вакцинирани 3 028 здравствени работници, 120 369 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19

Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3 028 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство. Имунизацијата се...

Поведена постапка против уште еден учесник во протестите за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за едно лице за...

Обвинение за свирепо убиство при семејно насилство во Гостивар

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело „убиство“ според...

Во контејнер со банани пронајдени 100 килограми кокаин на пристаниште во Атина

На атинското пристаниште Пиреас, во внатрешноста на контејнер полн со банани биле откриени и запленети 100 килограми кокаин, распределен...

Отворањето на првиот забавен „Супер Марио“ парк повторно е одложено бидејќи Јапонија се бори со зголемен број случаи со коронавирус, објави фирмата „Јапонски универзални студија“.

„Искрено се извинуваме за непријатностите за гостите кои со нетрпение го чекаа отворањето. Датумот на отворање ќе биде одреден и објавен по укинувањето на вонредната состојба”, соопшти компанијата.

Долго очекуваното пуштање на забавниот парк инспириран од Нинтендо-видеоигрите првично требаше да се случи во јули 2020 година, пред Олимписките игри во Токио. Но, како и Олимпијадата, така и отворањето на паркот беше одложено поради пандемијата, со нов датум – 4 февруари 2021.

Паркот се наоѓа во градот Осака.

Откако оваа недела Владата ја продолжи вонредната состојба во врска со коронавирусот, организаторите одлучија да го одложат отворањето на паркот по вторпат.