Повторно одложено рочиштето за модуларната болница – двајца обвинети рекоа дека не знаеле дека им треба адвокат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откажано е и судското рочиште за модуларната болница во Тетово бидејќи двајцата обвинети немале адвокати.

Рочиштето почна во 10 часот, а тројцата обвинети Фљорин Бесими, Артан Етеми и Бобан Вучевски се уште немаат адвокат.

Етеми и Вучевски не сакаа да зборуваат за медиумите, а поранешниот директор на тетовската болница, и обвинет, Фљорин Бесими, по завршувањето на рочиштето, рече дека е убеден  дека има факти и докази кои ја потврдуваат неговата невиност.

„Со фактите ќе се потврди мојата невиност за овој трагичен настан. За ова има неоспорни докази кои во текот на судскиот процес ќе ги изнесеме. Затоа се надевам дека наскоро вој судски процес ќе почне и ќе заврши“, вели Флорин Бесими.

Следното рочиште е закажано за 8 ноември. Обвинетите се товарат за “тешки дела против општата безбедност“, “поттикнување општа опасност“ и “непостапување според здравствените препораки за време на пандемија“.

Обвинението е покренато по истрагата во земјава но и  германското вештачење. Претходно Обвинителството соопшти дека според вештачењето на МВР, пожарот во модуларната болница настанал од палење на продолжни  кабли, на кои биле вклучени  дефибрилатор-реаниматор, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.