Апелација ја прифати жалбата на тетовското обвинителство за повторно судење за Блерим Ахмеди, организатор на протестот за трагедијата во модуларната болница во Тетово, протест кој ескалираше и беа повредени 5 полицајци.
Иако обвинетите ја признаа вината, првостепениот суд со ваквата санкција, изречена кон истио, не пресуди праведно бидејќи со ваквата условно алтернативна казнен мерка нема да има доволно едукативно влијание за во иднина обвинетите да не вршат вакви или слични дела.
Седницата за обвинетиот Блерим Ахмеди ќе се одржи на 1 март, а тој се обвинува дека ја предводел толпата. Основен суд Тетово му изрече условна казна на него и другите 4 обвинети. Адвокатот Бесник Асани, вели дека неговиот клиент не бил предводник на толпата, туку бил само организатор на протестот.
„Блерим не признал никаква вина, Блерим е само организатор на протестот, Блерим признал само мал аспект каде вели дека е одговорен за не спречување или спречување на евентуалниот напад кој ќе се случи во текот на протестот. Блерим бил само за тоа одговорен, никако не е одговорен и не било така како што се вели во обвинителниот акт како организатор на толпа и на однапред подготвен напад“, вели Асани.
Адвокатот Асани вели дека се надева судењето да не биде под политичко влијание и да има праведна пресуда. На 17 ноември во Тетово преку протест се бараше да се расветли трагедијата која се случи во модуларната болница во Тетово. Толпата беше спречена од полициски кордон во близината на седиштето на ДУИ, каде толпата беше упатена, во одреден момент ситуацијата ескалираше и имаше судир меѓу демонстрантите и полицијата. Основен суд Тетово на 5-те приведени лица им изрече условна казна.
