Пожар и пукање пред зградата на Собранието на Србија: Едно лице рането, претседателот Вучиќ најави вонредно обраќање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во шаторската населба пред српскиот Парламент во Белград, каде што престојуваат „студентите кои сакаат да учат“, избувнал пожар, а се слушнало и пукање. Едно лице е повредено, едно е уапсено, а претседателот Александар Вучиќ најави вонредно обраќање.

Според неофицијални информации, пукањето се случило во еден од шаторите, кога едно лице испукало неколку куршуми кон друго лице, погодувајќи го во огата.

Лицето повредено во пукотницата е пренесено во Ургентниот центар, а полицијата го привела напаѓачот, неофицијално дознава „Данас“.

Репортерот на „Данас“ известува дека од некои шатори сè уште се издига чад и дека голем број полицајци го обезбедуваат просторот околу паркот, како и српскиот Парламент, до кој не може да се пристапи.

Српското МВР истакна дека пожарот бил пријавен во 10:17 часот, и бил локализиран и дека нема опасност од понатамошно ширење. Полицијата и натаму не соопштила дали некој е пвиреден или уапсен.

По овој повод претседателот Вучиќ најави прес-конференција за во 13 часот.