Властите соопштија дека најмалку 11 постари лица кои биле со ограничена подвижност го изгубиле животот во пожар кој избил во пензионерски дом во рускиот регион Башкортостан на Урал.
Пожарот избувнал околу три часот по полноќ по локално време во еден дом во селото Ишбулдино, се вели во соопштението на Министерството за вонредни состојби. Пожарот бил совладан три часа подоцна.
„Четири лица успеаја да излезат пред да пристигнат пожарникарите“, додава Министерството.
Во тек е истрага за инцидентот.
