Повеќе од 150 гости на хотел во Ескишехир, западна Турција, беа евакуирани по избувнување на пожар во кујната на хотелскиот ресторан, јави весникот „Сабах“.
Чадот од пожарот го зафати хотелот и соседните објекти, предизвикувајќи паника меѓу гостите.
Двајца вработени се повредени поради вдишување чад и се пренесени во болница, но според официјалните информации, нивните животи не се во опасност.
