Пожар во стан во Охрид, цело семејство во болница поради вдишен чад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 22.01.2021 околу 07.00 часот во СВР Охрид, пријавен е пожар во стан на улицата „Карпош Војвода“, сопственост на К.Џ.(70) од Охрид.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а К.Џ. и неговото семејство поради вдишен чад биле пренесени во Медицински центар Охрид. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.