Пожар во струјомер поради гром во тетовско Сиричино

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тетовските пожарникари утринава интервенираа на пожар во струјомер кој бил предизвикан од удар на гром во селото Сиричино, општина Јегуновце. При ударот и пожарот нема повредени луѓе, информираат од Тетовската противпожарна територијална единица.

-Околу 9 часот утринава бевме повикани во Сиричино каде удрил гром во струјомер од куќа по што започнал пожар. Интервениравме и за среќа голема успеавме да го изгаснеме за да не се прошири во куќата. Нема повредени, но има материјална штета, интервениравме со две возила и пет пожарникари, изјави Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Оттаму и информацијата за интервенција за пожарната со две возила и четворица пожарникари вчера на пожар во реонот на Старо село. Интервенирано е на пожар на отворен простор каде горела нискостеблеста шума.