Пожар во телекомуникациска зграда во Каиро – 4 лица загинаа, над 25 повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири лица загинаа, а 26 се повредени во пожар што ја зафати главната зграда на компанијата „Телеком Египет“ во центарот на Каиро, соопштија египетските власти.

Според синдикатот на компанијата, сите жртви биле вработени во Телеком Египет, објави агенцијата АП.

Портпаролот на Министерството за здравство, Хосам Абдел Гафар, изјави за агенцијата дека меѓу повредите има и случаи на задушување од чад и дека сите повредени се хоспитализирани, додека некои од нив веќе се отпуштени на лекарска помош.