Во трговскиот центар Далмаре во Шибеник околу 12 часот избувнал пожар, а според првите информации пожарот се проширил и на покривот. Според неофицијални податоци, околните згради останале без струја.
Пожарот е ставен под контрола и нема повредени. Две лица се заглавиле во лифтот поради прекин на струја, но пожарникарите ги извлекле. Опожарениот дел од центарот е евакуиран.
