Пожар во угостителски објект во прилепско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера К.И. (30) од с.Радобил, прилепско, пријавил дека настанал пожар во летна кујна, сопственост на угостителски објект во атарот на с.Радобил, при што биле опожарени дрвената и кровната конструкција, апарати и елементи во склоп на кујната.

Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Увид е извршен од страна на увидната екипа од Прилеп.