Пожарникари од Бугарија помагаат во гасењето на пожарите во Пехчево и Делчево

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Огнената стихија во реонот на Пехчево и на Делчево не е локализирана, а за да биде ставена под контрола, помагаат и пожарникари од Бугарија.

Четврти ден продолжуваат пожарите на истокот од земјата. Токму од тука беше побарана помош од Бугарија, која што веднаш испрати тим.

„Вчера откако пристигнавме, ни беа поставени задачи, бевме распределени и почнавме да извршуваме дејствија за гасење на пожарот. Гасењето продолжи утрово“, рече Георгие Пармков, директор на противпожарната бригада во Благоевград.