Пожарникарите на протест за плата – „Не ги држиме со сила на работа“, вели Шилегов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хероите на градот, огромен графит стои на влезот на зградата на пожарникарската бригада во Автокоманда. Но пожарникарите се принудени да протестираат бидејќи не им се исплаќа надомест за ризик при работа, што им следува по закон.И командирот на противпожарната бригада излезе заедно со пожарникарите барајќи го нивното право. Тој вели дека ако до крајот на денот нема позитивен одговор, протестите ќе продолжат и утре.

Градоначалникот на  Град Скопје, Петре Шилегов рече дека се работи на решавање на проблемот, а за тие што се жалат, рече дека можат да бараат работа на друго место.

Пожарникарите утре ќе протестираат пред зградата на Град Скопје.