Пожарот се прошири над Габер во Студеничани, ЦУК: Ќе интервенираме со 4 авиони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарот во шумата над селото Габер се проширил на планински и непристапен терен. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), ситуацијата во близина на населените места е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите.

За гаснење на пожарот ќе бидат ангажирани три авиони „Air Tractor“ и еден авион на Министерството за внатрешни работи. Пожарот се движи во правец на селото Вржале, а екипите на терен ја следат ситуацијата.

„Во шумата над селото Габер пожарот се прошири, но ситуацијата во правец на населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите. Бидејќи пожарот се наоѓа на планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, во овој момент ќе интервенираат три авиони „Air Tractor“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на Министерството за внатрешни работи.

Пожарот се движи во правец на селото Вржале, поради што ситуацијата внимателно се следи, а екипите се на терен. Моментално сум на терен, заедно со екипите, и одблизу ја следам ситуацијата.

Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите надлежни институции и служби, со цел пожарот да биде ставен под контрола и да се обезбеди заштита на жителите“, истакна Мухамед Али, директор на ЦУК.