ФК Работнички соопшти дека во нивната екипа има фудбалер кој е позитивен на Ковид-19, и поради тоа не отпатува на подготовки во Охрид.
Иако фудбалерот нема симптоми на Covid-19, ФК Работнички како социјално одговорен колектив одлучи во моментот да ги одложи подготовките и да ги следи протоколите при ваква ситуација.
Сите членови на тимот, стручниот штаб и вработените во клубот пред десетина дена имаа негативни тестови, но сега повторно ќе бидат тестирани, а и фудбалерот кој има позитивен тест ќе замине во задолжителна изолација и потоа повторно ќе се тестира, до повторно враќање во екипата со негативен тест.
Во моментот, неизвесни се и закажаните пријателски натпревари кои беа закажани во периодот на летните подготовки.
Претходно позитивни случаи имаше и во екипите на Ренова и на Шкендија, но тие го победија коронавирусот.
Исто така и Македонија Ѓорче Петров откри дека во своите редови има двајца играчи позитивни на Ковид-19.
