Позитивен ученик, но одделението не е изолирано! – Така препорача епидемиологот, вели директорката на училиштето во Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ученик од Основното училиште „Христо Узунов“ во Кичево позитивен на коронавирус. По направениот тест е испратен во изолација, но неговите соученици и понатаму следат настава со физичко присуство. Директорката вели дека препорака на епидемиологот било заразениот ученик да се изолира, а останатите деца од одделението да продолжат со настава на училиште. Нема информации дали ќе се тестираат и другите деца кои биле во постојан контакт со нивниот соученик.  

По година и пол, во школските клупи се вратија и средношколците од Кичево. Во Средното училиште „Дрита“ не е регистриран ниту еден ученик со симптоми на Ковид-19. Нема ученици во изолација, но има професори кои се изолирани и кои се лекуваат, па затоа денеска не се на нивното работно место.

„Меѓу учениците нема случаи, а што се однесува на вработените имаме тројца во изолација кои се заразени со Ковид-19. Не се на работа и сѐ придржуваат на предвидените протоколи“, посочи Фестим Ахмети.

И во гимназијата „Мирко Милески“ има ученици и професори во изолација уште пред да почне наставата со физичко присуство.

Наставата со физичко присуство во основните училишта почна на 1 септември, а во средните вчера и се одвива согласно сите протоколи препорачани од Комисијата за заразни болести.