Познатата хрватска пејачка Северина, била синоќа задржана и испитувана од страна на српската полиција додека сакала да влезе во Србија, каде требало да настапува на приватна забава.
Таа после четири часа била пуштена да влезе во Србија, но изнервирана се вратила назад во Хрватска.
„Точно е дека имав блиска средба со органите на редот и редот на хрватско-српската граница од српска страна. Во неделата околу 19:45 часот со мојот менаџер пристигнав на граничниот премин Бајаково од српска страна. Требаше да пеам на 18-ти роденден. Сепак, судбината не сакаше така.
При преглед на документите, граничниот полицаец не замоли да стоиме настрана. Мојот адвокат од Србија веднаш повика гранична полиција, но безуспешно. Бевме ставени настрана неколку часа, седејќи во автомобилот. Потоа отидов до зградата на граничната полиција барајќи тоалет, а по пат ми рекоа дека „се чекаат инспектори од МУП на Републиката кои патуваат од Белград, сфатив дека станува „сериозно“.
Кога стигнаа околу 22 часот и 15 минути, најпрвин 45 минути ни го претресуваа возилото и нашите работи детално, како некои ситни шверцери. Како, тие бараа оружје. Јас и оружје?. Ме прашаа каде одам и дали имам работна дозвола за настап, а потоа ме одведоа во зградата на полицијата на разговор. Во автомобилот не најдоа ништо недозволено.
Потоа ме прашуваа што мислам за Сребреница, за Олуја, зошто го поддржувам протестот против ископувањето на литиум. Стигнаа и до Туѓман“, објасни Северина.
Таа рече дека полицајците барале на интернет што рекла за Сребреница во минатото.
„Му реков дека јас не живеам од Србија, туку само ја сакам земјата и Србите. Ми рекоа дека ова е само редовна контрола, вообичаено“, изјави Северина и испрати порака.
„Србија те сакам, и сакам што побрзо да станеш демократија. Но, никогаш повеќе нема да дојдам во Србија додека овој диктатор не се повлече од власт“, рече Северина.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврди за инцидентот со Северина.
„Северина не е приведена, ниту уапсена, ниту и е одбиен влез во Србија. Задржана е поради контрола“, рече Дачиќ, кој рече дека не постои повеќе вербален деликт за влез во земјата.
„Србија е слободна земја, и кај нас не постои вербален деликт, на списоците за претрес се луѓе кои вршат криминал, или вршење на кривични дела. И немојте да дозволиме други да ни делат лекции“, рече Дачиќ.
Хрватските медиуми пишуваат дека Северина патувала во Белград на приватен настап, меѓутоа го откажала настапот и се вратила назад во Хрватска.
