После одигрувањето на последното коло на ракометното првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, познати се сите 1/4 финални двојки.
Хрватска со победата над Словенија, се пласираше на првото место во групата, и во полуфиналето ќе игра против Унгарија. Победникот од овој меч, во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот Франција – Египет.
Данска ќе игра против Бразил, додека најголемото изненадување Португалија ќе ги одмери силите против Германија. Победниците од овие два меча ќе се сретнат меѓу себе во полуфиналето.
На ова ракометно првенство учествуваше и Македонија, која го заврши натпреварувањето на четвртото место во групата во Главната фаза, или севкупно на 15 место во светот.
РАКОМЕТ СП, 1/4 ФИНАЛЕ
Франција – Египет (28.01)
Хрватска – Унгарија (28.01)
Данска – Бразил (29.01)
Португалија – Германија (29.01)
