Познати сите четвртфинални двојки на Мундијалот, Швајцарија последен патник меѓу најдобрите осум

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со победата на пенали над Колумбија, репрезентацијата на Швајцарија е последниот патник во 1/4 финалето на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико.

Швајцарците и Колумбијците одиграа без голови по 120 минути, а во пенал серијата Швајцарците беа поуспешни и славеа со 4-3, со што во следната фаза ќе играат против Аргентина. Аргентинците претходно во драматичен пресврт со 3-2 го совладаа тимот на Египет.

Во другите четвртфинални двојки ќе играат: Франција против Мароко, Шпанија за противник ја има Белгија, а Норвешка ќе игра против Англија.