Тимот на Барселона денеска се засили со Јусуф Демир, австриски играч кој го нарекуваат „новиот Меси“.
Неговите соништа се исполнија на само 18. годишна возраст. Направи трансфер во Каталонија благодарение на познатиот агент со потекло од Дебар, Шкумбин Ќормемети, кој живее во Виена, и го направи директниот линк со Барселона, и претседателот на Каталонскиот клуб, Хуан Лапорта.
Во текот на денешниот ден, целиот трансфер беше реализиран, а очигледно дека од сега натаму сите очи како во Австрија така и во Каталонија, а и во целиот свет ќе бидат вперени во Јусуф Демир, затоа што со години се чека да се појави новиот Меси, а во името на сите светски љубители на фудбалот искрено веруваме дека Јусуф е конечно тој.
