Познатиот Чак Норис итно хоспитализиран: Во болница на Хаваи е

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Славниот Чак Норис денес беше итно примен во болница поради влошена здравствена состојба, објавува TMZ. Тој моментално е на лекување на Хаваи.

Деталите за оваа ситуација се уште не се познати, но извори блиски до легендарниот актер тврдат дека, и покрај сè, тој е расположен. Според TMZ, Норис сè уште наоѓа време и енергија за шеги.

Според достапните информации, тој почувствувал здравствени проблеми на островот Кауаи, по што побарал медицинска помош.

За потсетување, Чак Норис го прослави својот 86-ти роденден пред девет дена, а по тој повод објави видео на социјалните мрежи во кое спарингуваше со својот тренер.