Кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната прес конференција истакна дека веќе бил поднесен Предлог на Одлука за распуштање
на Собранието на Република Македонија на 5 – ти февруари и бараат од претседателот Талат Џафери истата денес да биде ставена на одлучување пред пратениците.
Тој додаде дека токму Џафери кажал дека Собранието мора да се распушти на 12 февруари со што би се испочитувале роковите предвидени со законот и Уставот.
