Пратеник изолиран поради Ковид-19, гласаше од посебна просторија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеник од мнозинската коалиција е во изолација поради Ковид-19. Но тој вечерва е во Собранието за гласање на новата Влада. Претседателот Талат Џафери одобрил да го внесат во посебна соба во куполната сала, со посебен протокол за гласање.

Ова го потврди и претседателот Талат Џафери.

„Еден пратени ќе гласа од посебна просторија, согласно од препораките од Министерството за здравство за спречување на ширење на Ковид-19. Нема потреба од паника, бидејќи се превземени сите мерки. Ќе гласа од посебна просторија“, рече Џафери.

Станува збор за пратеникот од ДУИ, Арбен Зибери. Тој два дена не доаѓал на работа, а денеска согласно сите препораки бил сместен во посебна просторија во Собраниската сала под куполата.

Зибери претходно ја извршуваше функцијата на директор на Центарот за јавно здравје.