Пратеникот Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието: Им посакувам среќа на колегите од Коалицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски го напушта Собранието. Тој оваа вест, ја соопшти на социјалната мрежа Фејсбук, доцна вечерва.

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат“, напиша Дурловски.

Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети….

Gepostet von Igor Durlovski am Donnerstag, 22. Oktober 2020

Дурловски вели дека тоа што го зборувал не можел да го направи, но како што вели тој „сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам“.