Собранието од понеделник ги отвара вратите за пратениците. Политичките партии се договорија за именување на претседатели и членови на 20 те собраниски комисии. Се очекува да гласаат сите пратеници, бидејќи партиите постигнаа консензус и во работните тела има претседатели и членови од сите партии. По осум комисии ќе раководат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, 3 добива ДУИ и 2 Алијанса.
Претседателот на Собранието Таљат Џафери не очекува проблем во обезбедувањето мнозинство иако власта во моментов има само 60 пратеници.
В понеделник треба да се верификува и мандатот на пратеничката Емилија Рамбабова, која ќе ја замени министерката Јагода Шахпаска. А пак пратеникот Арбен Зибери утре треба на направи тестот за коронавирус од што ќе зависи дали ќе гласа одвоен од останатите пратеници.
