Пратениците се молеа да работат или да паузираат – на дневен ред Фискалната стратегија и задолжувањето од 260 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фискалната стратегија 2027-2031 година и законот за ново задолжување од 260 милиони евра, теми за препукувања меѓу пратениците од опозицијата и власта на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Има или не услови за одржување на седницата и сменетиот дневен ред во кој прва точка стана заемот од 260 милиони евра кој треба да се донесе по скратена постапка, па потоа Фискалната стратегија ја одлагаа неколку пати расправата со по еден час пауза. Оние од опозицијата беа лути дека се смени дневниот ред и како што кажаа за власта е поважен заемот кој се носи по скратена постапка отколку стратегијата.

-Нема скратена постапка за ново задолжување на луѓето. 260 милиони плус камати, за 320 не може да биде од мал обем. А бидејќи вие очигледно сте навикнати дека 320 милиони задолжување е ништо за вас, затоа што се задолжувавте и милијарда и милијарда и милијарда, во две години 2,5 милијарди, нормално дека ќе кажувате дека треба во скратена постапка. Да не зборуваш за Фискалната стратегија прво, пред задолжување е купување на време, изјави Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.

Власта пак смета дека има просторни услови и простор за дебата.

-Обезбедивме просторни услови, бевме максимално коректни. Ве замолува вас како претседателка на Комисијата, да не правиме одредени заобиколувања на процедурите и веднаш и неодложно да продолжиме со работа. Мислам дека деловникот е јасен дека рокови има. Сметаме дека ние сме во право со нашите аргументи, така да не сметам дека некој тука треба да прекинува со работа, затоа што сите можни аргументи се одземени. Ајде да работиме и ајде да дискутираме за она коешто можеби вие сметате дека не треба да се донесе, ние сме уверени дека сме во право, изјави Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието вчера ја изгласа потребата законот за ново задолжување од 260 милиони евра да се гласа по скратена постапка. Со Фискалната стратегија пак 2027-2031 се корегира надолу стапката на раст на БДП за годинава од првично планираните 3,8 на 3,5%. Но и таа на инфлацијата која оди нагоре, па годинава наместо 2,5 ќе планира да биде 4,5 проценти.