„Правосудниот испит никогаш не бил полаган на албански јазик“, изјави Јетон Шасивари од експертската група во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, каде што се дискутира за барањето на студентите правосудниот испит да се полага на албански јазик.
Шасивари, меѓу другото, го коментираше и нацрт-законот кој пред една недела го претстави првиот заменик-премиер Беким Сали, кој изјави дека теоретскиот дел ќе биде на албански јазик, додека практичниот на македонски.
Според Шасивари, овој нацрт не претставува половично решение, туку, како што рече, комбиниран модел.
