На 23. март 2019 година главниот град на Казахстан, тогашниот Астана, го смени името во Нур-Султан. Тоа го стори во чест на долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбаев кој по 30 години власт само неколку дена пред одлуката, поднесе оставка.
Тоа беше четвртипат овој град да го менува името, а дел од локалното население одржа и протест против одлуката, која стана официјална откако тогаш времениот претседател Касим-Жомарт Токаев го потпиша декретот.
Градот во минатото се викаѓе Акмолинск, Тселиноград, и Акмола, па потоа Астана, име кое стоеше до 1997 до 2019 година. Астана во превод значи главен град.
Во 1997 година Назарбаев го назначи Астана за главен град, откако ја премести престолнината од Алмати.
